Србија во неверување: Испливаа фотографии од гола пациентка во белградска „Арена“

1586

На социјалните мрежи во соседна Србија кружи скандалозна, непримерна фотографија од полугола пациентка, која очигледно била направена без знаење на жената сместена во привремената ковид болница во белградска „Арена“.

Жената е фотографирана во моментот кога се пресоблекувала, а иако на почетокот не можеше со сигурност да се каже каде е направена фотографијата, денес се огласи заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ со соопштение во кое потврдува дека станува збор за белградска „Арена“.

Весиќ итно побара истрага за скандалозното загрозување на приватноста и личниот интегритет на пациентката сместена во импровизираната ковид болница во „Арена“.

Заменик градоначалникот на Белград истакна дека со споделувањето на оваа фотографија е сторено кривично дело и сите кои учествувале во тоа мора да одговараат.

„Денес побарав од директорот на „Арена“, Горан Грбовиќ итно да се истражи како дошло до објавување на фотографијата на жената во привремената ковид болница. Директорот веќе се обрати до Армијата на Србија која управува со болницата и до Министерството за внатрешни работи“, напиша Весиќ.