Полициски кучиња им го спасиле животот: Пронајдени 25 мигранти во приколка-ладилник

43

Екипажот на холандски тракет кој пловел кон Велика Британија во вторникот откри 25 мигранти скриени во приколка-ладилник од камион.

Како што соопштија од холандската полиција и спасувачките служби, 25-те мигранти биле пронајдени во ладилник од страна на полициските кучиња, по што траектот морал да се врати назад во Холандија.

На тајните „патници“ чие што државјанство не е откриено, им била пружена медицинска помош во градот Влардинген во близина на Ротердам, а најмалку двајца мигранти биле хоспитализирани, пренесуваат холандските медиуми.

Траектот ѝ припаѓа на компанијата “DFDS Seaways”, а истрагата треба да открие кој стои зад криумчарењето на мигранти во Велика Британија.

Да потсетиме, неодамна 39 безживотни тела беа пронајдени во приколка од камион во индустриската зона Турок во Есекс, на 30-тина километри од британската престолнина Лондон.

Исто така, 31 мигрант од Пакистан беа пронајдени сокриени во камионска приколка на автопат во близина на италијанско-француската граница, а грчката полиција неодамна на автопатот помеѓу Ксанти и Комотини, во приколка-ладилник од камион пронајде 41 мигрант со потекло од Авганистан.