Смолнов ја запроси малолетната Марија

838

Фјодор Смолов, стандардниот првотимец во дресот на Локомотив од Москва, пред неколку дена ја запросил својата девојка, Марија Јурмашева, која е малолетна внука на поранешниот руски претседател, Борис Јелцин, пренесуваат руските медиуми.

Ваквата информација се уште е неофицијално, затоа што нема никаква потврда од двете страни, но ретки се тие кои се изненадени од ваквиот развој на настаните затоа што Смолов е многу познат во Русија, но не поради успесите кои ги има постигнато на зелениот терен.

Истите извори тврдат дека Фјодор (29) и Марија (17) веќе подолг период се во љубовна врска, а пред тинејџерката, која е внука на поранешниот руски претседател, искусниот играч за врска беше во врска со познатата манекенка и ТВ водителка, Викторија Лопирева.

Парот стави крај на љубовната авантура во 2015 година, а пред една година, Смолнов беше во центарот на руската јавност откако целосно го уништи својот автомобил „BMW M5“, но побегна од местото на несреќата.