Најголемиот адут на Путин: Наскоро започнува производството на ракетата која може да долета до Вашингтон за само неколку минути!

193

Ракетата „Циркон“ била лансирана четири пати од фрегатата „Адмирал Горшков“ на Ариктикот и како што соопштија од руската армија, ракетата која лета со неверојатна брзина од 6,100 километри на час, во сите четири наврати успешно ја погодила целта.

После успешното тестирање, од Кремљ потврдија дека е донесена одлука веќе од идната година да започне сериското производство на овие ракети.

„Тестовите на „Циркон“ од „Адмирал Горшков“ успешно се завршени. Извршени беа вкупно четири лансирања. Сите ракети ја погодија својата цел. Сериското производство на ракетите би требало да започне во 2022-ра година“, изјавил воен извор за руската новинска агенција „ТАСС“.

Хиперсоничното оружје дефинитивно ќе направи револуција во војувањето во иднина. Овие руски ракети можат да летаат со брзина најмалку пет пати поголема од брзината на звукот, со што практично нема одбрана која што може да ги сопре.

Додека ваквите хиперсонични ракети во Русија се веќе пред производство, интензивно работат и Американците кои исто така развиваат хиперсонично оружје. Според проценките, американското хиперсонично оружје ќе стане оперативно во текот на идната година.