Гатузо за драматичниот пресврт со Дуделанж: Уф, тешко беше!

857

Милан вечерва успеа со неверојатни пресврти да дојде до победа во 5. коло од Лига Европа против Дуделанж.

Први поведоа Милан преку Кутроне во 21. минута, но потоа беа изненадени. Во 39. минута Столз постигнува гол за изедначување, а во вторито дел гостите преку Турпел во 49. минута коплетно направија пресврт за 1:2.

Милан мораше повторно да се вади од калта, а се почна од автоголот на Стелвио во 66. минута за 2:2. Во 70. минута гол за водство од 3:2 постигнува Хакан Чалханоглу на голема радост на Росонерите.

До крајот на мечот, Милан победата ја потврди со уште два гола, автогол на Шнхел во 78. минута и гол на Борини во 81. минута за конечни 5:2.

По натпреварот свој коментар даде Гатузо.

Игравме добро, Дуделанж покажа дека е тежок тим, кој може да ви нанесе проблеми. Секогаш е тешко кога менувате многу во играта. Нема ниту еден лесен меч во Лига Европа“.