Каква шлаканица за Хари и Меган: Угледен канадски весник со напад на парот: Не сте добредојдени во нашата земја

59

Најголемите канадски весници велат дека принц Хари и Меган Маркл не се добредојдени да живеат во познатата пријателска земја, бидејќи тоа е неуставно.

Во острото обраќање, “Globe and Mail” вели дека планот на кралскиот пар да се пресели во земјата на јаворовиот сируп и хокејот ги крши законите кои ги држи некогашната држава, со кои Британците управувале.

“Како одговор на изненадната најава на нејасниот план на војводата и војвотката од Сасекс – принцот Хари и Меган – да се преселат во Канада, а да останат дел од кралското семејство, одговорот на владата требало да биде едноставен и јасен: Не!”, наведува весникот.

“Добредојдени сте да не посетите, но се додека сте високопозиционирани членови на кралското семејство, Канада не може да ви дозволи да останете…Тоа го крши уставот”, се наведува.

“Деликатното и суштинско место на монархијата во нашиот уставен систем, значи дека кралскиот жител – принцот кој е шести во редот за тронот – не е нешто што Канада може да си го дозволи”, се вели.

“Кралскиот живот во оваа земја не се согласува со долгогодишниот природен однос меѓу Канада и Британија и Канада и круната. Ако сте постар член на нашето кралско семејство, оваа држава не може да биде ваш дом”.

Инаку, весникот “Globe and Mail” се печати во петте најголеми градови во Канада и се смета за еден од највлијателните во таа земја.