Крволочен леопард бркал мајмун на дрво па едвај успеал да спаси жива глава

590

Леопардот кој се обидел да улови мајмун на дрво непријатно се изненадил кога приматот се залетал кон него и единствено што можел да направи е да бега.

Мајмуните односно, конкретно овој од видеото од видот бабун се познати по тоа што се агресивни кога ќе воочат леопард па дури и тогаш кога тие не се обидуваат да ги ловат.

Во овој случај леопардот успеал да побегне, а попатно научил вредна лекција за ловот на бабуни.

Пред сè, нив леопардите треба да ги ловат навечер со оглед на тоа што во тој период од денот тие гледаат дури шест пати повеќе од нив.

Снимката настанала во Националниот парк Зимбабве, а се појавила пред неколку денови на Јутјуб каналот Maasai Sightings каде што предизвикала многубројни реакции.

„Можеби леопардот би имал шанси доколку сето ова се одвивало на тлото“ – една од реакциите на многубројните гледачи.

Погледнете го видеото: