Силна експлозија го потресе Кипар! Мистериозен објект паднал на турската страна, властите само претпоставуваат што е, луѓето во паника

391

Неидентификуван летечки објект се урнал и експлодирал на територија на Северен Кипар, потврдиле локалните власти. Во јавноста потоа се појавиле гласини дека станува збор за противавионски ракети, додека други тврдат дека станува збор за израелски воен авион, соборен во текот на вчерашниот напад на Сирија.

“Според првите информации, објектот кој предизвикал експлозија или е летало кое носело експлозив, или станува збор за ракета”, изјавил министерот за надворешни работи на Северен Кипар, Кудрет Озерај.

Властите на Северен Кипар, кој е под турска контрола, засега не потврдиле официјално на чии вооружени сили припаѓа ова летало.

Инцидентот се случил кратко откако сириската противвоздушна одбрана пресретнала напад на Дамаск од Израел.

Корисниците на социјалните мрежи побрзале да ги анализираат матните фотографии кои се појавиле од местото на нападот. Една од теориите е дека станува збор за дел од ракетниот систем S-200, со кој сириските сили ги гаѓале израелските авиони.

Натписите и симболите кои може да се најдат меѓу остатоците на неидентификуваниот објект ќе помогнат да се утврди за што всушност тука станува збор, пренесува “RT”.