Отворен саркофагот во кој се веруваше дека се останките на Александар Македонски

1672

Во Александрија при градежни гработи беше пронајден масивен саркофаг од црн гранит кој бил затворен повеќе од две илјади години.

Во египетската јавност веднаш се раширија гласини дека во него се наоѓаат посмртните останки на Александар Велики или пак дека станува збор за сракофаг со проклетството на фараоните, кое ќе се ослободи доколку тој биде отворен.

Меѓутоа, египетските власти им наложија на археолозите да го отворат саркофагот, а наместо тоа во него беа пронајдени коски од три скелети и темнокафеава течност со многу непријатен мирис.

Саркофагот е отворан во две етапи, прво капакот е подигнат само пет сантиметри и поради непријатниот и остар мирис е оставен да се проветри, а потоа е целосно отворен.

– Пронајдовме коски од тројца луѓе и најверојатно станува збор за семејна гробница. За жал мумиите во саркофагот не се во најдобра состојба, истакна генералниот секретар на Врховниот совет за антиквитети на Египет, Мустафа Вазири.

Во однос на стравовите за фараонското проклетство Вазири се пошегува и наведе  дека „саркофагот е отворен, а светот не престанал да постои“.