“На есен ќе дојде до бура на вирусот”: Германски виролог загрижен поради брзината и размерите на попуштање на мерките

201

Германскиот виролог Александер Кекуле е загрижен поради брзината и размерите на попуштањето на мерките за сузбивање на коронавирусот, и предвидува “бура на вирусот” на есен.

Кекуле за ZDF рекол дека следењето на ланецот на инфекции се уште не е на саканото ниво, како и дека ризичните групи не се доволно заштитени.

Со договореното попуштање на мерките нивото на безбедност се намалува, предупредува директорот на Институтот за медицинска микробиологија на универзитетската клиника “Hale“.

Според неговите зборови, важно е да се направи одржлив концепт на заштита, наместо политика на “попуштање-стегнување”.