Саканата на Игор Џамбазов го покажа мускулестото тело во бикини, а имаше и зошто (фото)

384

Откако македонскиот шоумен, актерот и музичар Игор Џамбазов ја обелодени својот љубовен живот со алпинистката и сликарка Илина Арсова, нивната врска стана доста атрактивна за јавноста.

Поттик за тоа се заедничките фотографии кои речиси секојдевно ги објавуваат на своите Инстаграм профили, а пак Илина доби на внимание многу повеќе отколку со своите достигнувања во искачување врвови, сликањето и сл. Токму поради тоа, таа во една прилика изјави:

-Да знаев дека олкава популарност се добивала со вљубување во јавна личност, ич немаше да се мачам толку години наназад да ги качувам светските врвови, доведувајќи се себеси во високоризични ситуации со кои многукратно сум си го загрозила животот и здравјето.Толку не ме пишувало по весници дури и кога станав прва дама од нашата земја што стапна на врвот на светот пред 7 години. Се надевам разбирате дека се шегувам, планините се моја страст и пасија кои некако имаа приоритет во мојот живот – вели Илина, за „Женски магазин“, оправдано критикувајќи го општото љубопитство.

View this post on Instagram

Утро…

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Кога веќе и е повеќе од јасно како стојат нештата со јавното и медиумското внимание, Илина баш како и во планинарењето, реши стратешки да делува со покажување на своето мускулесто тело во бикини, се со цел медиумите да бидат позаинтересирани за нејзината новоиздадена книга „Планинарење“.

-Се прашував … ако објавам фотографија во бикини и всушност зборувам за мојата промоција на книгата на 28-ми септември, дали медиумите ќе бидат заинтересирани за повеќе информации?

Таа го вклучи и Игор во маркетингот, па и тој направи неколку фотки со книгата на саканата, инспириран и мотивиран да впие нови знаења за планинарењето, веројатно повеќе од љубов отколку порив за тоа да го примени во пракса.