Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека во Њујорк разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио, оценувајќи ја средбата како значајна за натамошното зајакнување на македонско-американските односи.
Како што објави Мицкоски, разговорите претставуваат потврда на значењето на стратешкото партнерство и континуираниот политички дијалог меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави.
„Директната комуникација на високо политичко ниво е важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес, за продлабочување на билатералните односи и за натамошно зајакнување на нашата позиција како стабилен и доверлив сојузник“, наведе премиерот.
Во објавата Мицкоски се осврна и на актуелниот геополитички контекст, посочувајќи дека во период на сериозни предизвици силните партнерства и отворениот дијалог со стратешките сојузници имаат особено значење.
Тој порача дека Македонија има јасно дефинирани државни интереси и дека продолжува да ги застапува „достоинствено и принципиелно“ во соработка со своите стратешки партнери.
„Продолжуваме да го јакнеме македонско-американското стратешко партнерство и да создаваме нови можности“, порача Мицкоски.
https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1687795916035661?ref=embed_post







































