Центарот за управување со кризи информира дека до 7 часот регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои активни пожари нема, под контрола е еден пожар, а изгаснати се 30 пожари.
Имено, под контрола е еден пожар во Општина Македонски Брод и Сопиште: с. Белица, м.в. Кајорец (опш. Македонски Брод), проширен кон Јасен (опш. Сопиште) – нискостеблеста и мешана шума.
-Изгаснати се 30 пожари: Општина Гази Баба: Раштански пат – ниска шума и ниска вегетација. Општина Бутел: с. Раштак – с. Љуботен – ѓубре. Општина Бутел: с. Љубанци – ниска вегетација. Општина Гази Баба: с. Идризово – ниска вегетација. Општина Гази Баба: Индустриска зона Илинден – ниска вегетација. Општина Чучер Сандево: с. Кучевиште – ниска вегетација. Општина Арачиново: с. Арачиново – депонија. Општина Арачиново: с. Арачиново – ниска вегетација. Општина Илинден: с. Кадино – ниска вегетација, трска и насади. Општина Кисела Вода: ул. „Иван Козаров“ – ѓубре. Општина Ѓорче Петров: ул. „Црногорска“ – стрниште. Општина Шуто Оризари: ул. „Шуто Оризари“ – ниска вегетација. Општина Штип: кај Полициската станица, на влезот во Штип – ниска вегетација. Општина Виница: с. Драгобрашта, маало Криворанци – ниска вегетација и слама. Општина Куманово: м.в. Стари Лозја – ниска вегетација. Општина Куманово: с. Речица – ниска вегетација – информираат од ЦУК.
Натаму, Општина Куманово: с. Черкезе – ниска вегетација. Општина Куманово: зад фабрика „Искра“ – ниска вегетација. Општина Куманово: ул. „Октомвриска Револуција“ – ниска вегетација и ѓубре. Општини Кратово и Старо Нагоричане: с. Димонци – с. Коњух (опш. Кратово) и с. Руѓинце (опш. Старо Нагоричане) – грмушки и ниска вегетација. Општина Желино: с. Стримница – ѓубре. Општина Врапчиште: с. Врапчиште – нива. Општина Охрид: с. Велмеј – ниска вегетација. Општина Кавадарци: депонија Мелци – ѓубре. Општина Росоман: с. Рибарци – ниска вегетација. Општина Велес: с. Рудник, зад базата на ЈП „Македонија Пат“ – ниска вегетација. Општина Струмица: помеѓу с. Банско и с. Габрово – депонија. Општина Валандово: во близина на сепарација „Жикол“ – депонија. Општина Липково: с. Гошинце – ниска вегетација. Општина Липково: с. Ваксинце – стрниште и ниска вегетација.







































