Развиена микроскопска камера со големина на зрно сол

118

Научници од Универзитетот Принстон и од Универзитетот Вашингтон направија микроскопска камера не поголема од зрно сол, која може да прави фотографии во боја кои по квалитетот не се разликуваат од стандардните леќи во камерите, кои се 500.000 пати поголеми.

Новата микроскопска камера нема проблеми како претходните микрокамериоваа нова камера може да се стави во многу мали роботи и да им помогне да ја „запознаат“ околината или дури да им помогнат на докторите да откријат некои проблеми внатре во човечкото тело.

Кај класичните камери и фотоапарати се користат повеќе закривени стаклени или пластични леќи кои се користат за ставање во фокус на влезната светлина на дигиталниот сензор. За споредба, оваа нова минијатурна камера, која ја направи научникот Итан Ценг со својот тим, користи посебна метаповршина низ која поминуваат 1,6 милиони цилиндрични стапчиња со големина на вирусот ХИВ, кои можат да го модулираат однесувањето на светлината.

Секое од тие стапчиња распоредено на површина од 1/2 милиметар има уникатен облик, кој му овозможува да функционира како антена. Алгоритми за машинско учење ја интерпретираат интеракцијата на секое стапче со светлината и ги претвораат тие информации во фотографија.

Фотографиите кои ги прави тој минијатурен уред имаат најголем квалитет со најшироко видно поле меѓу сите досега развиени камери од тој тип. Освен мала заматеност на рабовите на фотографиите, тие се споредливи со фотографиите кои ги прави регуларна камера со нормална големина и стандардни леќи.

Студијата на научниците за развојот на микроскопската камера е објавена во научното списание Nature Communications.