Во кругот на Министерството за внатрешни работи во Скопје денеска ќе се одржи централна прослава за одбележување на Денот на македонската полиција – 7 Мај.
На настанот обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев.
На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и министри и други гости, како и претставници на дипломатскиот кор во Македонија.
Активностите продолжуваат попладне во 17.30 часот на паркингот пред Градското собрание каде ќе има презентација на опрема од различни полициски единици и граѓаните ќе имаат можност да се дружат со полициските службеници, а на „Школка“ од 18:00 часот предвиден е музичко-забавен хепенинг со познати музички ѕвезди.


































![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)




