егендарниот Диего Марадона ја изненади аргентинската јавност откако „распали“ во медиумите по еден од најдобрите играчи на светот Лионел Меси.
Марадона само неколку дена пред тоа застана во одбрана на Меси и порача дека не може врз него да биде целиот притисок во репрезентацијата, но ја промени плочата. Легендарниот Диего порача дека Меси едноставно не може да биде лидер на „Гаучосите“ бидејќи оди по 20 пати во тоалет пред секој меч и дека лидер на една екипа не може да го прави тоа.
Секако, Меси не ја коментираше оваа изјава на Марадона, но во неговото семејство не можеа да го премолчат тоа. На крајот се јави неговиот роднина Макси Бјанучи кој му порача на Марадона дека речиси никој повеќе не го сфаќа сериозно и дека дрогата едноставно го уништила.
„Тажно е да се види што Марадона зборува за Меси. Зборуваше многу лошо за него, а свесен е дека тој е најдобриот играч на светот. Веќе со години тој зборува дека бил најдобар додека играл фудбал и тоа го прави бидејќи се плашо и можеби и знае деа Меси е подобар од него. Дрогата го уништи и сигурен сум дека повеќе и не знае што зборува“, изјави Бјанкучи.