Второто коло од Лигата на Европа донесе доста интересни дуели, а фаворитите во главно лесно дојдоа до победи.
Арсенал гостуваше во Азербејџан кај Карабах и на крајот славеше убедлива победа со 0:3. Стрелци беа Сократис, Смит Роу и Гендузи.
Милан до 70. минута губеше од Олимпијакос на „Сан Сиро“ со 0:1, но на крајот славеше победа со 3:1.
Гереро во 14. минута го доведе тимот од Пиреја во водство, но двократната измена на Гатузо од 54. минута донесе резултат. Во игра влегоа Чалханоглу и Кутроне и токму тие го режираа пресвртот. Кутроне постигна два гола, Чалханоглу две асистенции, а во стрелците се запиша и Гонзало Игуаин за победа од 3:1.
Баер Леверкузен со 4:2 го совлада АЕК Ларнака на нашиот Иван Тричковски.
На овој меч гостите поведоа токму со голот на нашиот репрезентативец, но на крајот „Фармацевтите“ сепак покажаа дека се посилен тим и славеа победа со двата гола на резервистот Аларио, како и по еден погодок на Хаверц и Брант. Покрај Тричковски, за гостите погоди и Распас.
Салцбург со 3:1 го совлада Селтик. Гостите од втората минута со голот на Едуард поведоа со 0:1, но домаќините во второто полувреме со двата гола на Дабур и еден на Минамино дојдоа до пресврт и победа.
На останатите мечеви Бетис го совлада Дуделанж со 3:0, Копенхаген славеше кај Бордо со 2:1, Фенербахче со 2:0 ја совлада Трнава, РБ Лајпциг славеше со 3:1 на гостувањето кај Розенборг, Спортинг беше подобар од Ворскла со 2:1, Зенит славеше над Славија Прага со 1:0, а Цирих со идентичен резултат го совлада Лудогорец.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



