Поднесено обвинение против актерката: Силвија Стојановска и Воислав Будисавјевиќ ќе одговараат за шверц на кокаин

619

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против Силвија Стојановска и нејзиниот сопруг за шверц на кокаин од Колумбија во Шпанија.

Потсетуваме, тие беа уапсени пред шест месеци во рамките на меѓународната операција “Колибри”. Обвинителството бара да се продолжи куќниот притвор за актерката.

Силвија Стојановска и Воислав Будисавјевиќ се осомничени за неовластено производство и пуштање во сообраќај на наркотици, психотропни супстанци и прекурсори.

Во текот на истрагата било утврдено дека од јули 2019-та до декември истата година, обвинетите, заедно со уште неколку лица од Шпанија, учествувале во неовластено купување, пренесување и продавање на кокаин во количина од 698.758,1 грам.

Обвинетите планирале и организирале купување, пренесување и сместување на кокаин од Колумбија до Мадрид и барале купувачи на истиот.