Насилната малолетна девојка од Велес, повикана со родителите на разговор

160

Видео снимка на која се гледа како девојче на возраст од околу 11 години физички напаѓа своја врсничка на улица, додека нападнатото девојче бара помош, ја згрози јавноста вчера.

Видеото кое го снимил очевидец на настанот предизвика бурни реакции. Насилство помеѓу тинејџерите, но и наместо да се притрча во помош, да се снима една ваква случка со мобилен телефон, е темата која е актуелна помеѓу граѓаните. На крајот на видеото, се гледа како девојчето кое ја турна на земја врсничката, продолжува да ја удира, се додека повозрасна жена не им пријде и ја оттргна насилничката од жртвата.

Од СВР Велес за „Фокус” велат дека настанот е пријавен во полиција. Станувало збор за девојчиња, врснички, на возраст од околу 11 години. Потврдуваат дека девојчето кое го изврши насилството заедно со родителите е повикано на разговор со социјален работник. Изјавија дека се работи на расчистување на случајот.