Пандев беше стрелец на голот во Тбилиси во калчолигашката акција на Елиф Елмас и Илија Несторовски, по кој Македонија со триумфот со 1-0 против Грузија ја обезбеди визата преку плејофот во Лигата на нации за место на континенталниот шампионат.
„Се надевам дека пандемијата ќе заврши и дека на Европското првенство ќе има публика, а тогаш ќе имаме голема поддршка од нашите навивачи. Реално, ние сме аутсајдери, но нема што да загубиме. Првите два меча со Австрија и Украина ни се најважни“, вели Пандев.
После скоро еден месец од историскиот успех, импресиите не стивнуваат за историскиот потфат.
„Првиот пласман на Македонија на едно големо напреварување е круна на мојата кариера. Убави се сите тие пофалби, ми годат, зашто Македонија одработе сјајна работа. Добро е тоа за Македонија, за селекцијата…“, додава Пандев.