Заев се сретна со Дејан Георгиевски, Владата му ја зголеми паричната награда

141

Премиерот Зоран Заев го прими македонскиот теквондист, Дејан Георгиевски кој направи огромен успех освојувајќи го сребрениот медал на олимписките игри.

Заев му го честиташе успехот на Дејан Георгиевски и истакна дека тој е пример и модел за сите млади дека ништо не е недостижно.
„За време на разговорот премиерот Заев рече дека успехот на Георгиевски е поттик за Агенцијата за млади и спорт да ги унапреди условите за развој на теквондото и другите олимписки дисциплини за кои постои широк интерес меѓу младите“, соопштија од Владата.
На 93. седница тие изгласаа зголемување на наградата за Дејан Георгиевски, па тој сега ќе добие 800.000 повеќе, вкупно 2 милиони и 600.000 денари.