Од денеска ќе точиме поскапо гориво за 3 денари

625

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 од денеска се зголемија за 0,50 денари за литар, додека цената на еуродизелот се зголемува за 3 денари за литар, соопшти вчера Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Во исто време цената на екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 се зголемува за 13,50 денари за литар, а на мазутот М-1 опстанува непроменета.

Согласно оваа одлука максималната цена на еуросуперот БС-95 ќе изнесува 67,50 денари за литар, на еуросуперот БС-98 69,50 денари за литар, на дизелот и на екстра лесното масло по 58,00 денари за литар, а на мазутот 34,779 денари за килограм.