Кој треба да се регистрира како ДДВ обврзник? Издаден водич од кој граѓаните ќе разберат дали се ДДВ обврзници

201

Граѓаните кои лани оствариле над 1 милион денари приходи имаат рок уште шест дена односно до 15 јануари да се регистрираат како ДДВ обврзници во УЈП. Кон крајот на минатата година управата испратила допис до 10 илјади граѓани дека треба да се евидентираат во системот, но потоа истото го повлекле. Кој треба да се пријави, кој ќе плаќа ДДВ за приходите информации има во новиот водич. Него го изработи МФ за едно со невладините и ги содржи сите потребни информации.

Со законските измени кои ќе бидат направени на барање на невладиниот сектор од обврската да плаќаат данок ќе бидат исклучени невладините и професорите кои остваруваат приходи од менторство. Исклучени ќе бидат и оне кои заработуваат од вршење на научна дејност. Во системот за ДДВ обврзници не влегуваат и оние кои приходи од изнајмување на станови и ИТ услуги вршени во странство.

Обврска пак да се регистрираа имаат оние кои оствариле приходи по основ на вршење на стопанска дејност, приходи од земјодество, од договор на дело, приходи од издавање под закуп на деловни простории, од авторски права, од членување во надзорни ордбори.

На барање на граѓанските органзиации ќе се даде и можност лицата кои две години по ред немаат приходи кои надминуваат 1 милин денари, наместо после петтата година од регистрацијата , веднаш да можат да излезат од системот.

loading...