Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека не размислува да поднесе оставка од функцијата, по последните случувања.
„Не, не размислувам во таа насока“, кратко одговори тој.
Филипче на денешната прес-конференција не сакаше ниту да коментира до каде е истрагата и дали ќе има одговорност за пожарот во тетовската модуларна болница пред два месеца, кога загинаа 14 лица.
На новинарското прашање дали целата одговорност се сведе на еден продолжен кабел, Филипче изјави: „Тоа е прашање за обвинителството, јас тука немам увид во информациите“.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















