ВМРО-ДПМНЕ: Заев е глава на октоподот и шеф на мафијата на која ќе и ставиме крај на 12 април

67
New Macedonian Prime Minister Zoran Zaev (C) waves to his supporters after he was elected in the Macedonian Parliament in Skopje, The Former Yugoslav republic of Macedonia on 01 June 2017.

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод и шеф на мафијата. Зоран Заев ја закопа правдата во Македонија, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев три години кроел обвиненија и диктирал пресуди. Снимката која ја слушна јавноста покажува дека Врховен носел пресуди по “трас трас” системот на Заев, а за целиот процес запознаена била и Катица. Одговорност за Заев мора да има. Заев мора да одговара за злоупотреба на службената положба и овластување, но не со ова обвинителство, туку со обвинителство во кое ќе бидат обвинители предложени од експертската јавност, луѓе кои уживаат кредибилитет во фелата и имаат интегритет, се вели во соопштението.

Натаму се додава:

– Во Врховниот суд  на Република Македонија мора да има итна и неодложна ревизија на работата на судиите. Таму каде ќе бидат утврдени неправилности потребни се оставки и одговорност пред законите. Неопходна е и итна реформа на Советот за реформи во правосудството што ќе подразбира времено суспендирање на секаква негова активност поради контаминираноста на неговата работа и барање на меѓународна експертска помош во реализирање на реформите. Македонија нема повеќе време за губење. На 12 април следува крај на мафијата. По 12 април почнува обновата, се вели во соопштението.