Веста дека врската помеѓу Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ пропадна по 24 години, пред неколку месеци ја изненади јавноста, а веста за новата девојка на хрватскиот заводник шокираше уште повеќе од тоа.

Според хрватските медиуми, новата девојка на Петра Грашо е четиринаесет години помладата Хана Хуљиќ, а според презимето веќе погодуварте дека се работи за ќерката на познатиот музичар и композитор, но и неговиот голем пријател и соработник Тончи Хуљиќ.

Иако извор близок до пејачката ја потврди оваа вест за хрватските медиуми, Хана и Петар се’ уште не се огласиле во јавноста.

Да потсетиме, Петар и Данијела се запознаа во 1995 година во Дора во Опатија, а две години подоцна започнаа љубовна врска.
Мартина Подгорски, задолжена за комуникација со медиумите во тимот на Грашо, потврди дека Петар и Данијела повеќе не се заедно.

„Вистина е дека Данијела и Петар последниве месеци живееа на одделни адреси, како заради деловни, така и од одредени лични причини“ – рече Мартина.

Фото: Инстаграм принтскрин/petargrasoofficial/toncihuljic_official/hana.huljic





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)





















