Не е човек туку машина: Роналдо истрча спринт од 92 метри и достигна неверојатна брзина

280

Кристијано со своите 34 години се уште и тоа како има што да понуди на теренот, што го покажа во мечот против Наполи.

„Старата дама“ во спектакуларниот дерби меч од второто коло во Серија А против Наполи славеше со 4:3.

Јуве веодеше со високи 3:0 со головите на Данило, Игуаин, а третиот погодок беше дело токму на Кристијано Роналдо. Наполи потоа на општо изненадување со три погодоци брзо се врати во игра, но Кулибали со автогол во финишот на мечот ги сруши надежите на своите соиграчи.

Португалецот освен погодокот уште еднаш ги импресионираше гледачите и тоа со својата физичка подготвеност, која и покрај тоа што има 34 години и понатаму е на високо ниво.

Имено, статистичарите пресметале дека Роналдо во 15. минута од мечот од својот казнен простор до противничкиот истрчњал за помалку од 10 секунди, а во таа прилика одел со брзина од 33,12 километри на час.

Многу играчи во негови години немаат сили ни за цели 90 минути, а не пак да постигнуваат вакви резултати на највисоко ниво.