НЕКОЈ ПЛАТИЛ 114.000 ДОЛАРИ ЗА ВИДЕО ИГРА

688

Неотворена Супер Марио видео игра била продадена за рекордни 114.000 долари.

Анонимен купувач понудил рекордни 114.000 американски долари за ретка, неотворена копија од класичната видео игра Супер Марио Брос. Касетата за игри првично била издадена во 1985 година, за популарната конзола „Нинтендо.“

Победничката понуда го сруши рекордот за најмногу платени видео игри, пренесува „Херитиџ“ каде што претходно била продадена игра за 100.150 долари во февруари 2019 година.

Оваа верзија на „Супер Марио“ беше особено ретка затоа што кутијата со картичка за закачување под пластиката, е индикација дека е произведена откако Нинтендо започна со употреба на завиткување, за да ги запечати игрите, наместо налепниците, се вели во соопштението на компанијата. Наведен во одлична состојба, Херитиџ рече дека е најголемата продажба што компанијата досега ја продала.