Баерн Минхен ова претпладне и официјално потврди дека го ангажираа Иван Перишиќ од Интер.
Но иако се предвидуваше дека тоа ќе биде перманентен трансфер, сепак станува збор само за едносезонска позајмица.
Лекарските прегледи Иван Перишиќ ги мина уште вчера, а денеска следуваше и објавувањето на потписот.
„Ветувам дека ќе дадам се најдобро од мене“, порача Перишиќ на доаѓањето во Баерн Минхен.
Баварците ќе имаат опција идното лето да го откупат договорот на хрватскиот фудбалер.
?️ "I promise to give my best every day" ? #ServusIvan #packmas pic.twitter.com/rAjtQmz2KM
— FC Bayern English (@FCBayernEN) August 13, 2019