Кошаркарот на Мајами Хит, Тајлер Хироу е избран за најдобра резерва оваа сезона.
Годинава Хироу настапи на 66 натпревари од кој на 56 влезе во игра од клупата за резерви. Во својата трета NBA сезона постигнува по 20 поени по натпревар што е најмногу помеѓу играчите кој не се дел од стартната петорка. Шутерот родум од Милвоки е едно од главните оружја во нападот на “жешките” а убиствениот шут е негова најсилна страна.
Мајами синоќа ја порази Филаделфија и поведе со 1:0 во полуфиналната серија на истокот. Најдобриот 6-ти играч беше главна причина за успехот на тимот одигрувајќи одличен натпревар, постигнувајќи 25 поени и 7 асистенции.
NBA FAN
Димитар Младеновски