Парондо: Моето семејство не сакаше да замине од Скопје, тука две недели по титулата владеше еуфорија

294

Само една сезона беше на клупата на црвено-црните во која освои четири пехари, по крајот на истата  Роберто Гарсија Парондо ќе си замине и ќе биде селектор на репрезентацијата на Египет. Тој за само една сезона ги доживеа работите кои многумина тренери мечтеат долго да го остварат, ја покори Европа. Освен он и неговото семејство не среќно што заминува од нашиот главен град, Скопје.

Ние дојдовме до пехари   во СЕХА лигата и Лигата на шампионите, што е сепак голем успех со оглед на проблемите со кои се соочивме. Јас сум тажен сум што заминувам од Скопје и долго време размислував за оваа одлука. Моето семејство не сакаше да ја напуштиме Македонија, тие се чувствуваат одлично таму. Скопје останува во нашите срца. Во Шпанија не се доживува ракометот како во Македонија. Сите се среќни за нас, не само најблиските. Двете недели по освојувањето на титулата во Келн беа неверојатни и еуфорични. Вардар е најдобриот тим во Европа- вели Парондо.