Во плеј-ин натпреварите на Источната конференција најпрво се судрија Индијана и Шарлот (9-то пласираниот и 10-пласираниот тим). Во меч на кој “пејсерси” водеа од самиот старт, победникот во ниеден момент не беше доведен во прашање.Огромен триумф со конечни 144-117 за тимот од Индијанаполис и пласман во понатамошниот дел од натпреварувањето. Дури осум играчи на “пејсерси” имаа двоцифрен број на поени. Беа предводени од својот All-Star, Домантас Сабонис кој имаше импресивен дабл-дабл сочинет од 14 поени, 21 скок и 9 асистенции. Триото бекови исто така брилјираше, Брисет со 23, МекДермонт со 21 и Ти-Џеј МекКонел со 17 поени беа пресуден елемент во тимскиот успех. Индијана во дуел со Вашингтон ке одлучува кој тим во првото коло (како голем аутсајдер) ке се соочи со првопласираната Филаделфија.
Во вториот меч, Вашингтон му гостуваше на Бостон во “Ти-Ди гарден”. И покрај тоа што домаќините беа осетно ослабени поради повредата на Џејлен Браун, неговиот верен пријтаел Џејсон Тејтум се погрижи се да биде во ред. Младото крило експлодира со 50 постигнати поени.
Освен брилијантната партија на Тејтум, бекот Кемба Вокер имаше сјајна поентерска вечер со 29 постигнати поени. Висока победа со конечни 118-100 за “келтите” и дуел со (второ пласираниот) Бруклин Нетс во првото коло на годинашниот плеј-оф. Ова значи своевиден дуел помеѓу Кајри Ирвинг и неговиот поранешен тим (Бостон). Ке престои повеќе од интересна борба.
NBA FAN
Димитар Младеновски