Едно од најпријатните изненадувања сезонава неспорно е тимот на Њу Јорк Никс. Деновиве играчите и нивата армија фанови имаат многу причини за насмевка.
После долго време, “никси” играат одлично организирана и успешна кошарка. Во моментов имаат серија од 12 победи во последните 13 натпревари.
Во синоќешниот дуел со Мемфис Гризлис, на гости, тимот од “големото јаболко” извојува нова убедлива победа (118-104). Најважно од се, безицира место во плејофот за прв пат по сезоната 2012-2013. Во последните 16 години ова претставува само четврти пласман на Њу Јорк во доигрувањето.
Предводени од својот All-Star Џулиус Рендл и (љубимецот на NBA фановите) Дерик Роус, “никси” го освоија “Фед-Екс” форумот. Рендл постигна 28, а Роус 25 поени во новата победа. Њу Јорк со скор од 37-28 е четврто пласиран тим на Истокот.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















