Бразил против Белгија во дуелот на фаворитите за освојување на Мундијалот во Русија

835

Бразил и Белгија ќе го одредат вториот полуфиналист на Светското првенство 2018 вечерва од 20 часот на стадионот во Казан. Дуелот се дефинира како финале пред финалето, бидејќи се спротивставуваат двата фаворити во турнирот на руските терени.

Неколку часа порано во Нижни Новгород ќе стане јасен првиот полуфиналист по натпреварот помеѓу Франција и Уругвај. Победниците на двете средби ќе се соочат во битка за место во финалето.

Двата тима се соочуваат во завршницата на Мундијалите по втор пат во својата историја. Во 2002 година, Бразил ја отстрани Белгија во осминафиналето со 2:0, а подоцна ја освои и титулата.

По традиција селекторот на „Селесао“ ги откри стартните 11 ден пред натпреварот. Дуелот со Белгија поради казна ќе го пропушти Каземиро, а неговото место ќе го заземе Фернандињо. Во игра се врати и левиот дефанзивец Марсело, кој ја пропушти победата над Мексико со 2:0 во осминафиналето поради повреда на грбот, која ја доби при успехот со 2:0 над Србија во последниот натпревар од групната фаза на турнирот. Од првата минута ќе го видиме и Паулињо, кој се опорави од мала повреда. Даглас Коста е опоравен од повредата, но тој ќе остане резерва.

За Белгија, од првата минута се очекува да започне херојот од осминфиналето против Јапонија – Насер Шадли. Проблемите на белгискиот тренер, Роберто Мартинез се поврзани со состојбата на крилото Аднан Јанузај, кој го пропушти натпреварот со Јапонија.

Белгијците се свесни дека ако дозволат иста игра на стартот како во натпреварот против Јапонија, овој пат тоа може да се покаже како фатално и затоа ќе пристапат поконцентрирано.

Интересно е дека Белгија отпаѓа од светски првенства во последните две свои учества – од Бразил во 2002 година и од Аргентина на СП 2014. Дали ќе има трет пат претстои да дознаеме вечерва.