Во регионот Газиантеп во југоисточна Турција, во џамија настана тепачка во која учествуваа собраните верници и членови на Фондацијата „Фуркан“ од една страна и припадници на полициските сили од друга страна, пренесуваат турските медиуми.
Со оглед на тоа што на сила е целосната блокада поради пандемијата со коронавирусот, што, меѓу другото, значи и забрана за собирање во затворени простории, членовите на организацијата „Фуркан“ изразија незадоволство од ваквата одлука на Ердоган и неговата партија.
Лидерите на организацијата истакнаа дека забраната за собирање во џамии подразбира лишување од верските права и слободи.
Во знак на протест, членовите на организацијата се собраа во една од џамиите во Газиантеп на молитва, а лидерите на движењето истакнаа дека сите собрани ќе го почитуваат растојанието и ќе носат маски во џамијата.
Сепак, многу брзо откако се собраа полициските сили влегоа во џамијата и им наредија на верниците да се разотидат. Кога тие одбиле, се судриле со полицајците кои со солзавец ја растерале толпата. Според турските медиуми, полицајците кои користеле солзавец биле суспендирани.
„Ова не е Израел, ова е Турција. Оние кои им дозволуваат на луѓето да се собираат на стадионите, јавниот превоз и бизнисот и покрај епидемиолошките мерки, ги спречуваат верниците да се молат во џамиите“, велат од организацијата.
Фондацијата „Фуркан“е позната во Турција по бројните политички ексцеси, а по новиот инцидент, нивниот водач рече дека ќе продолжи да инсистира на собири во џамиите.
Инаку, заклучувањето во Турција започна на 29 април и ќе трае вкупно три недели. Како дел од новите епидемиолошки мерки, турските власти забранија собири на верници во џамиите.









![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)





![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












