Драма во “Фед Екс” форумот. На синоќешниот дуел помеѓу Далас Маверикс и Мемфис Гризлис, словенечкиот суперстар уште еднаш покажа дека се работи за волшебен играч.
Лука Дончич погоди тројка за победа. Комплетно вон баланс од многу тешка позиција ги постигна решавачките поени за гостите. Конечни 114:113 во меч на кој беше лидер со 29 поени и 9 асистенции. Иако домаќините имаа две слободни фрлања за да ја осигураат победата, Грејсон Ален ги промаши двата обида. Се отвори шанса за тимот од Тексас а нивниот лидер ја искористи на најдобар можен начин.
На волшебниот шут на Дончич не остана рамнодушен ниту големиот Леброн Џејмс кој се огласи на “твитер” со воодушевување од потегот на младиот словенец.
NBA FAN
Димитар Младеновски