Далас го надигра Торонто (со конечни 114-110) во претпоследниот меч од регуланиот дел од сезоната со што обезбеди место меѓу најдобрите шест тимови во Западната конференција.
Торонто, кој веќе ги загуби шансите за доигрувањето, настапи со само седум кошаркари на овој меч. За изненадување добро му парираше на фаворитот, но поразот беше неизбежен. Лука Дончич немаше свој шутерски ден. Словенечкиот суперстар погоди само една тројка од осум обиди, шутот од поле му беше под 50% (7/19), но и со едно вакво издание стигна до трипл-дабл учинок, завршувајќи го мечот со 20 поени, 10 скокови и 11 асистенции.
Кристапс Порѕингис имаше дабл-дабл сочинет од 21 поен и 10 скокови а Џејлен Брансон го следеше во чекор со 19 поени. До крајот на регуларниот дел од сезоната останува уште само еден натпревар.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















