Научниците тврдат дека се подобри од класичниот аларм: Ова се 5-те најдобри песни за утринско будење

168

Секое утро милиони луѓе се будат со непријатниот и здодевен звук на алармот. Многумина од нас веднаш притискаат “snooze” за 10 минути подоцна да го чујат истиот звук. Меѓутоа, овие песни можат да го променат тоа…

На Кралскиот технолошки институт во Мелбурн, научниците биле “зафатени” проучувајќи го најдобриот начин за утринско станување од кревет. Тие дошле до едно решение – музика.

Тие велат дека будењето со нежна, мелодична, ритмичка песна “на ефикасен начин помага во преминувањето во стоечка положба”. Според нивното мислење, овие пет песни се најдобра алтернатива на класичниот аларм:

Good Vibrations – The Beach Boys

Orinoco Flow – Enya

Bad Guy – Billie Eilish

Dakota – Stereophonics

Can’t Do Without You – Caribou