NBA-На денешен ден Ти-Мек се судри со “стршлените” (ВИДЕО)

483

Денес, се потсетуваме на дуелот кој се случи на денешен ден помеѓу Шарлот Хорнетс и Орландо Меџик од сезоната 2000-2001.

Посебно внимание ќе обрнеме на играта на Трејси МекГрејди, кој тоа првенство на големата сцена го покажа сиот свој раскошен талент. На 8-ми Март 2001 година, Орландо гостуваше во Шарлот на дуел со силните “стршлени” од Северна Каролина.

МекГрејди беше предводник на младиот тим од Флорида и (во тоа време) ги воодушевуваше навивачите со својата поентерска потентност. Токму оваа сезона “Ти-Мек” ја освои наградата за играч со најголем напредок. И покрај тоа што “магичните” таа ноќ загубија (97-84) МекГрејди беше прв стрелец со 19 поени и многу атрактивни потези.

Уживајте во најубавите моменти од овој меч.

NBA FAN
Димитар Младеновски