Лука Дончич, рано утрово го одигра натпреварот на кариерата.
На дуелот со Њу Јорк Никс, Словенската ѕвезда направи нешто што досега никогаш се нема случено во богатата NBA историја.
Дончич оствари “трипл-дабл” со неверојатни 60 поени, 21 скок и 10 асистенции. Погоди 21 од 31 шут од поле, а имаше и 2 украдени топки.
Далас победи со 126:121 по продолжението од 5 минути. Вакво индивидуално статистичко достигнување претставува прв случај во 76-те години постоење на лигата.
Интересна беше изјавата на Лука по завршувањето на натпреварот:
“Се чувствувам преморено. Морам да се рехабилитирам со ладно пиво.”
NBA FAN
Димитар Младеновски













![[ВИДЕО] Трамп ги губи нервите, враќањето во војната е сè поверојатно, пишува Си-ен-ен](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)


![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)















