Од Владата потсетуваат дека 24 април и 8 мај се прогласени за неработни денови за сите граѓани на територија на државата и додаваат дека овие два дена нема да се одработуваат
Деновите на одржување на претседателските и парламентарните избори – 24 април и 8 мај – кои Владата уште минатата недела ги прогласи за неработни за сите граѓани, нема да се одработуваат.
Ваква одлука била донесена на вчерашната владина седница.
„Владата заклучи 24 април (среда) и 8 мај (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради непречено спроведување на изборите за претседател и изборите за пратеници во Собранието. Овие два неработни дена нема да се одработуваат“,соопштија од Владата по вчерашната седница.
Оттаму информираат дека одлуката се однесува на сите граѓани на територија на државата.
Минатата недела Владата одлучи деновите на одржување на изборите да бидат неработни за сите граѓани, а на работодавачите од приватниот сектор им препорача да ги спроведат овие заклучоци.







![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)







![[ВИДЕО] Апокалиптично невреме: „Бајрон“ ја поплави Грција](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/ZE6Qc-5-218x150.png)




![[ВИДЕО] Реакцијата на момчето на првиот состанок ги топи срцата: „Тоа е твојот идeн сопруг“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/05C6E-copy-of-32-split-screen-82-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Реакцијата на момчето на првиот состанок ги топи срцата: „Тоа е твојот идeн сопруг“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/05C6E-copy-of-32-split-screen-82-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Апокалиптично невреме: „Бајрон“ ја поплави Грција](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/ZE6Qc-5-100x70.png)


