Од синоќешната NBA програма, го издвојуваме дуелот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон Рокетс, во “Стејплс” центарот. Во “Ел-Еј” навивачите беа сведоци на исклучително возбудлив и неизвесен меч.
Првото полувреме од натпреварот изобилуваше со течна и ефикасна игра, на обете страни од теренот. Расел Вестбрук го диктираше темпото а Ентони Дејвис редовно забиваше во рекетот. Вториот пик на последниот драфт, Џејлен Грин, беше најконкретен во нападот на гостите. Постигнуваше тројки од преку девет метри и без никакви проблеми го пробиваше рекетот за атрактивна завршница.
Леброн Џејмс ја најави својата доминација пред крајот на првото и почетокот на второто полувреме. По неколку перфектни контра напади, во кој ги вклучи Диандре Џордан и Ентони Дејвис, лејкерси отидоа на +6 во третиот дел од мечот. Кевин Портер јуниор и Кристијан Вуд одговорија со иста жештина, и го вратија младиот тим од Тексас во игра. Кармело Ентони уште еднаш докажа дека има уште многу да понуди. Погодуваше од дистанца, за три поени и заедно со својот пријател, Леброн Џејмс, го враќаат водството.
Положувањето на Кент Бејзмор на 90 секунди до крајот донесе високо водство за домаќините од +10. Тогаш следуваше серија од 9-1 којa го врати Хјустон во игра. Портер јуниор имаше шанса за победа, но неговиот обид беше неуспешен. Конечни 119-117 за лејкерси. Леброн Џејмс беше лидер за “градот на ангелите” со 30 постигнати поени, следен од Расел Вестбрук и Ентони Дејвис кој постигнаа по 27 поени. На спротивната страна, водечки кај “ракетите” беше Кристијан Вуд со дабл-дабл учинок од 26 поени и 16 скокови, следен од Џејлен Грин со 24 постигнати поени.
NBA FAN
Димитар Младеновски








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)





![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-100x70.webp)



