NBA-Легендарниот плеј го доби своето место меѓу “бесмртните” (ВИДЕО)

659

Тим Хардавеј стана нов член на “Халата на славните”.

Легендарниот плејмејкер рано утрово, конечно го завзема своето место во најеминентно кошаркарско друштво во Спрингфилд (“Naismith memorial basketball hall of fame”).

Неговиот молневито брз чекор и цврстината која ја поседуваше го направија еден од најуникатните плејмејкери во лигата. Хардавеј се смета за оригиналниот поседувач на “Убиствениот дриблинг” (“the killer crossover”), потег кој стана еден од најпопуларните во историјата на кошарката.

Во неговата богата кариера, Хардавеј стана 5-кратен All-Star играч и во пет наврати беше биран во најдобрата селекција на NBA, помеѓу најдобрите 15 играчи на сезоната. Бо 1997-ма година, во можеби најтешката конкуренција до денес, тој се најде во најдобрата NBA петорка. Еден е од ретките кој по тешката повреда на коленото (поради која ја пропушти целосната сезона 1993/1994) се врати подеднакво спремен, мотивиран и успешен како и пред тоа. Носител е на залтен олимпсики медал од Олимписките игри во Сиднеј, 2000-та година.

Најсветлите моменти ги доживеа во дресот на Голден Стејт Вориорс и на Мајами Хит, кој го повлече дресот број 10 како еден од најзаслужните во тимската историја на тимот од Флорида. За сите оние кој имале можност да го следат во неговиот играчки пат ќе остане запаметен како бестрашен борец, силен карактер и незгоден противник за секој кој се наоѓа на спротивната страна.

NBA FAN
Димитар Младеновски