(Видео) Девојка пришла до рингот, па му ги покажала голите гради на борачот кој го тепал нејзиното момче

718

Една девојка нашла начин како да му помогне на својот сакан додека тој бил во голема неволја.

Интересна и изненадувачка сцена била забележана во една борба на популарни кечери.

Иако е познато дека борбите во американско борење се наместени, сепак овој „спорт“ е исклучително популарен.

Борбите се лажни, а единствената цел е да се направи добро шоу за гледачите.

Популарните борачи Џими Лојд и Мет Кардон успеале во тоа, а во истото им помогнала атрактивната девојка на Кардон – Челси Грин.

Лојд и Кардон ги споредиле силите во Чикаго, а згодната Челси направила вистинско шоу среде борбата.

Лојд го претепал Кардон, а потоа Челси нашла начин да му помогне на својот сакан.

Таа пришла до рингот, ја подигнала маицата и му ги покажала голите гради на Лојд. Тој бил во целосен шок, за момент се скаменил, а потоа почнал да се фаќа за главата и не можел да се „освести“.

Погледнете го видеото: