Леброн Џејмс се врати дома и повторно приреди вистинско шоу.
Лос Анџелес Лејкерс гостуваше на Кливленд Кавалирс во меч на кој “крлаот” повторно беше незадржлив. Против тимот кој го драфтуваше Леброн оствари фантастичен трипл-дабл учинок сочинет од 38 поени, 12 асистенции и 11 скокови. Тимот од “Ел-Еј” победи со 131:120.
Џејмс во моментов е прв стрелец во првенството. Toj jа донесе долгоочекуваната титула за Кливленд во 2016-та година кога “кавси” успеаа да се вратат од наизглед безизлезна ситуација и по негативата од 3-1 во победи го освоија шмапионскиот пехар против моќниот Голден Стејт Вориорс.
Навивачите во “Рокет Мореџ филдхаус” го пречекаа својот херој со громогласен аплауз. Леброн, по којзнае кој пат им се оддолжи со уште една магична претстава.
NBA FAN
Димитар Младеновски