Бруно Фернандеш на социјалните мрежи му честиташе на Стефан Ристовски за капитенската лента на Спортинг Лисабон.
Пријателскиот меч меѓу Спортинг Лисабон и Белененсеш, Стефан Ристовски го почна со капитенската лента. Прв капитен е Себастијан Коатес, но тој не беше во тимот. Тоа значи дека Македонецот ќе биде еден од капитените во новата сезона.
Бруно Фернандеш и Стефан Ристовски беа големи пријатели во Спортинг, па новата ѕвезда на Манчестер јунајтед преку инстаграм стори му честиташе на нашиот фудбалер за капитенската лента.
„Знам колку си горд и воодушевен што си капитен на клубот кој го сакаш толку многу. Никогаш не сум видел странец толку да го почитува и толку да е посветен на нашата земја и клубот кој го претставува! Ти го заслужуваш ова и заслужуваш уште повеќе“, вели Бруно Фернандеш за Стефан Ристовски.

Претходно Ристовски со пост на својот инстаграм профил напиша: „Благодарен сум за капитенската лента!!! Чест е. Доаѓам од многу мала земја… многу млади луѓе, деца, сонуваат да играат на клуб од ова ниво… за мене ова беше голем ден и голема гордост е да се носи капитенската лента и да се претставува Спортинг Лисабон од Португалија“.


![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-218x150.jpg)































![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-100x70.jpg)


