Леброн Џејмс повторно ги потсети кошаркарските фанови дека треба да се чувствуваат почестени што имаат шанса да го гледаат на дело.

Еден од најголемите кошаркари на сите времиња успеа втор натпревар едно по друго да постигне 50 поени. Лос Анџелес Лејкерс го победи Вашингтон Визардс со 122-109 а нивниот лидер реализира 50 поени, 7 скокови и 6 асистенции. Според многумина тој во својата 37-ма година ја игра најдобрата кошарка во својата кариера.
“Кралот” стана првиот играч во богатата историја на NBA кој успеал по 35-та година во два наврати да ја надмине границата од 50 постигнати поени. Џејмс е единствената светла точка на “лејкерси” сезонава. Во моментов тимот од Ел-Еј има скор од 29 победи и 37 порази.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















