Ди Канио: Икарди можеше само во ПСЖ, таму е природниот дом на недисциплираните!

51

„Сапуницата“ со иднината на Мауро Икарди заврши пред самиот крај на летниот трансфер период, но неговиот премин во ПСЖ сè уште е активен кај фудбалската јавност.

Голем број на фудбалски работници не беа изненадени од реализацијата на оваа едногодишна позајмица, а еден меѓу нив е и Паоло Ди Канио. Легендата на италијанскиот фудбал без влакна на јазикот „удри“ по Икарди, но и по францускиот шампион.

„Тој не може да биде современ напаѓач. Тој знае да дава голови само од нафрлени топки и ништо повеќе. Не ми се верува дека некој прифати да доведе играч кој не може да им се извини на соиграчите заради својата сопруга-агент. Тоа го може само ПСЖ, таму е природниот дом на недисциплираните фудбалери“, рече Ди Канио.

Интер и ПСЖ договорија едногодишна позајмица на Икарди, по што „светците“ ќе можат да го откупат неговиот договор.