Исчезнатиот авион на Сала пронајден на дното на Ламанш – Таткото со изјава скршен од болка

387

Исчезнатиот мал приватен авион во кој фудбалерот Емилијано Сала леташе од Нант кон Кардиф е пронајден на дното на Ламанш, пренесуваат светските медиуми. Оваа вест на Твитер ја објави Дејвид Мернс која ја предводеше приватната потрага по исчезнатиот авион.

-Остатоците од авионот во кој леташе Сала со кој пилотираше Дејвид Иботсон се лоцирани , напишал Мернс.

Тој воедно пренесе дека полицијата веќе ги информирала и семејствата на Сала и Иботсон, информира АП. Аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала тешко дека ја преживеал авионската несреќа што се случи пред две недели во каналот Ла Манш.

Вчера се пронајдени остатоците од авионот со кој се превезувал, но неговото, како и телото на пилотот Дејвид Иботсон уште ги нема. Сепак, поради условите во тој регион, речиси никој не верува дека Сала е жив и само се очекува потврда на најлошите сомнежи.

Во моментите на агонија се јави таткото на фудбалерот, Хорасио Сала кој призна дека е скршен.

„Не можам да верувам, ова е сон, многу лош сон. Очајни сме, секој ден се слушам со истражителите, Кога ми кажаа дека е пронајден авионот, секоја надеж ми згасна“, рече постариот Сала.

Инаку авионот со фудбалерот Сала исчезна над Ламанш на 212 јануари за време на летот од Франција кон Велс. Откако спасувачката операција по исчезнатиот авион беше завршена по само три дена без никаков ефект, семејството на фудбалерот Сала собра средства за приватна потрага.

Оваа приватна потрага по десетина дена трагање ги пронајде остатоците од исчезнатиот авион .