NBA програмата изминатава ноќ понуди осум натпревари и убедливо највозбудлив беше последниот меч со кој беше затворен натпреварувачкиот ден. Бевме сведоци на исклучително неизвесна пресметка помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Оклахома Сити Тандер.
“Грмотевиците” се покажаа како далеку потешки противници од тоа што се очекуваше. Нивната квалитетна тимска игра ги натера “езерџиите” да играат и дополнителни пет минути кошарка.
Во регуларниот дел беше 110:110 откако Оклахома со три поени во низа се избори за продолжение, но во дополнителните пет минути играше само еден тим. Шампионот постигна девет, а дозволи да само два поени во 300 секунди, по што стигна до нова победа (конечни 119:112). Леброн Џејмс одново оствари трипл-дабл од 28 поени, 14 скокови и 12 асистенции и беше убедливо најдобар на паркетот.
Овој ефект на “кралот” значеше и на ново легендарно остварување. Тој стана првиот играч со над 35 години, кој успеал да дојде до 9 трипл-дабл ефекти надминувајќи го Џејсон Кид. За “градот на ангелите” ова беше 19-та победа со кој се наоѓаат на второто место на западот, зад лидерот Јута Џез.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















